• недела, 22 декември 2024

Солскјер: Јунајтед е клуб број еден во Манчестер

Солскјер: Јунајтед е клуб број еден во Манчестер
Манчестер, 6 ноември 2021 (МИА) - Тренерот на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер одговори дали може да замисли Манчестер сити да ги надмине „црвените ѓаволи“ со трофеи. - Не, не можам. Но, во исто време, ние мора да го почитуваме она што Манчестер сити го направи во изминатите 10 години, со оглед на начинот на кој доминираа во Англија и Европа. Но, ние сме Манчестер јунајтед и секогаш ќе се враќаме на своето место. Јунајтед е клуб број еден во Манчестер, истакна Солскјер. Денес со почеток во 13 часот и 30 минути на стадионот „Олд Трафорд“ ќе се одигра натпреварот од 11. коло од шампионатот на Англија помеѓу градските ривали Манчестер јунајтед и Манчестер сити. По 10 кола во Премиер лигата, Јунајтед е на петтото место со 17 бодови. Сити освои 20 бода и е на третата позиција. зс/

Остани поврзан