• понеделник, 23 декември 2024

Солиден настап на пливачот Тодоров на Европскиот младински олимписки фестивал

Солиден настап на пливачот Тодоров на Европскиот младински олимписки фестивал

Марибор, 28 јули 2023 (МИА) – Македонскиот пливач Стефан Тодоров имаше солиден настап на Европскиот младински олимписки фестивал во Марибор. На кој се појави во две трки.

Во дисциплината 50 метри слободно заврши прв во својата група, испливувајќи 24.57 секунди и се пласираше на 25 место во конкуренција на 42 пливачи.

Во дисциплината 100 метри слободно во својата група заврши како втор и исплива резултат 54.50 секунди што беше доволно за 40 место од 48 пливачи во генералниот пласман.

Македонската експедиција на Игрите во Марибор беше составена од четворица натпреварувачи во џудо, атлетика, пливање и гимнастика, а знаменосец на свеченото отворање беше џудистот Никола Магдески. ег/дма/

Фото: МОК

Остани поврзан