• понеделник, 23 декември 2024

Солидарност на дело: Млад христијанин вo Газа им дели вода и урми на муслиманите кои доцнат на ифтар

Солидарност на дело: Млад христијанин вo Газа им дели вода и урми на муслиманите кои доцнат на ифтар

Ерусалим, 20 април 2023 (МИА) - Ихаб Ајад, млад христијанин кој живее во блокираниот Појас Газа, секоја вечер на улиците дели вода и урми на муслиманите кои постат, а сѐ уште не стигнале до своите домови за ифтар.

- Христијаните во палестинското општество не чувствуваат дискриминација, напротив - нашите цели и страдања се заеднички... На муслиманите им делам вода и урми, според мојот буџет. Оваа активност ќе го зајакне духот на братството, љубовта и врската меѓу муслиманите и христијаните. Ги чувствуваме заморот и тешкотиите на долгиот ден на постот, изјави 29-годишниот Ајад.

Тој смета дека ова е гест на толеранција и порака за соживот меѓу христијаните и муслиманите во Газа. Со оглед на тоа дека во мигов е невработен, Ајад за овој Рамазан купил вода и урми од сопствената заштеда и парите што ги собрал за време на христијанските празници.

- Тоа го покажува нашиот соживот и солидарноста. И муслиманите со нетрпение ги очекуваат нашите празници, па и ние им упатуваме честитки за нивните, нагласи Ајад.  си/

Фото: Јутјуб, фотоисечок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан