• вторник, 24 декември 2024

Советот на Тетово го усвои ценовникот за користење на капелата и најави дека објектот ќе профункционира

Советот на Тетово го усвои ценовникот за користење на капелата и најави дека објектот ќе профункционира

 Тетово, 31 март 2023 (МИА)На денешната 13-та седница на Советот на Општина Тетово беше усвоен ценовникот за користење на новоизградената капела за православните гробишта, со што, според советниците, се создадени сите услови овој објект да почне да функционира.

Поточно, по усвојувањето на денешната одлука и објавување на ценовникот во службен гласник капелата ќе може да отпочне со работа.

лавниот проблем со комората во капелата каде што треба да се чуваат телата на починатите додека не се изврши погребот е отстранет, а исто така отстранет проблемот со прокапувањето на кровот по капелата. Изготвен е елаборат и направени се административни исправки за да може да се впише капелата во катастар и да се извади имотен лист. Вработени се три лица кои се неопходни за одржување на капелата, реализирана јавна набавка на внатрешен инвентар за капелата во висина од 1.343.312 денари, изјави советничката Анита Бошковска Јовановска.

Според советниците по објавувањето во службен гласник на Општината, капелата ќе почне да се користи во текот на април. Капелата почна да се гради во октомври 2015, а се заврши во текот на 2018 година. ас/мч/

фото: МИА архива

Остани поврзан