• понеделник, 23 декември 2024

Совети за правилно користење продолжени кабли

Совети за правилно користење продолжени кабли

Загреб, 20 септември 2024 (МИА) - Пожарникарите вообичаено предупредуваат да не се преоптоваруваат продолжените кабли - честа грешка во домот. Ако на пр. телевизор, компјутер и светилка се вклучени на една плочка, дополнителното вклучување на клима-уредот може да доведе до пожар.

Затоа, повеќето производители на клима-уреди препорачуваат директно приклучување на негвиот кабел во ѕиден штекер, а не во продолжен кабел, пишува порталот „Н-1“. Следат уште неколку совети за заштита и претпазливост...

1. Редовно проверување на продолжениот кабел и сите кабли вклучени во него. Избегнувајте прекумерно свиткување на продолжениот кабел за да се избегне оштетување. Доколку кабелот е оштетен, треба да се замени.

2. Сите кабли и приклучоци се држат подалеку од поголеми потрошувачи на струја (фрижидер, замрзнувач, шпорет), оставајќи така доволно простор околу уредот, заради спречување на прегревање. Секогаш исклучувајте ги уредите што не се во употреба.

3. Не оставајте ги полначите за лаптоп и телефон приклучени со денови во
продолжен кабел, бидејќи и тие може да се прегреат и да предизвикаат пожар. 

4. Не користете ги оштетените приклучоци на продолжениот кабел.

5. Чувајте го продолжениот кабел подалеку од директна сончева светлина и извори на топлина (на пр. шпорет).

6. Продолжениот кабел треба да биде со соодветна должина. Ако е премногу краток, може да биде под големо оптоварување, па и на тој начин да се предизвика прегревање.  си/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан