• сабота, 23 ноември 2024

Совети за поголема продуктивност

Совети за поголема продуктивност

Скопје, 6 февруари 2024 (МИА) - Продуктивноста, како и сè друго - се вежба. Притоа, важно е да се биде искрен кон себе, свесен за своите слаби точки и да се работи на нив.

Лошо е чувството да се легнува навечер со сознание дека не сме направиле апсолутно ништо од планираното за тој ден. А, има и такви денови... И, во ред е ако се исклучок, некогаш човек треба да се одмори, а некогаш едноставно нема волја или енергија да биде продуктивен. Но, што ако, ден по ден, постојано ги одложуваме работите, ги одолговлекуваме задачите и само „се влечеме“ од точката А до точка Б, со усти „полни планови“ коишто не успеваат? Тогаш тоа е веќе проблем што треба да се реши со стручно лице. Советот гласи: Разговор со психолог.

Во позадината на сè тоа може да има посериозни нешта од едноставна мрзеливост. На пример - опсесивно компулсивно нарушување, депресија или синдромот на невнимание. Меѓутоа, ако ништо од тоа не е случај и всушност сме само мрзливи, продуктивноста и делотворноста се вежбаат, се подобруваат, како на пр. и трчањето, учењето, самодисциплината...

Следат неколку начини за зголемување на својата продуктивност, т.е. да се постигне што е можно повеќе од она што е зацртано за денеска и да се биде задоволен со себе.

Научете да кажете: Не!

Важно е да се знае како да се постават граници. Во спротивно, ќе бидете роб на туѓите потреби, желби и каприци и секогаш ќе бидете зафатени и „растргнати на сто страни“... Тоа, несомнено, е фрустрирачки и демотивирачки. Но, никој друг не е виновен за тоа освен самите вие. Кога се почитувате себеси и своето време, полесно е да се каже „не“ на сè што не е важно. Тоа „не“ се практикува. Се почнува со мали нешта: кажете му „не“ на телефонскиот продавач кој се јавува во лошо време, на службеничката на шалтер во банка која нуди непотребни „поволности“ и услуги, на познаникот со кого не сакате да излезете на кафе, на пријателот што позајмува пари, но никогаш не ги враќа, на партнер /-ка што не ве почитува...

Медитирање

Тоа помага да се зајакне концентрацијата, сосредоточеноста на она што е важно. Вештината на медитација ја поттикнува креативноста, смирува и на тој начин нè прави попродуктивни. Медитација може да бидат и едноставни техники на дишење коишто ќе помогнат да се префрли насоченоста однадвор кон себе... Лаички кажано - „да се склопите“ себеси и на крајот да си верувате себе и на своите чувства, претчувства и знаење.

Работата за денеска - завршете ја денеска, испланирана синоќа!

Успешните луѓе имаат една тајна: Денот го почнуваат со точно дефиниран распоред. Не го склопуваат во девет часот, по пиењето кафе, туку претходната вечер. Советот гласи: Запишете ги сите задачи што треба да ги направите следниот ден.

Подредете ги - од најважните и најтешките до најмалку важните, и обидете се да ги направите по тој редослед. Може и да се пречкртаат завршените задачи. Со тоа се развива чувството, а со тоа и мотивација да се продолжи.

Познавачите велат: Не одете на спиење без план за следниот ден!

Без одложувања и одвлекувања на вниманието!

Во денешно време, кога пораките и известувањата се составен дел од животот и сè нешто „ќе потсвирне“ некаде, концентрацијата е сè потешка. Затоа, се советува да се исклучат известувањата за е-пошта, Фејсбук, Икс и сл., на пр., додека се работи на нешто битно. Познато е дека никогаш не одзема само пет - 10 минути, туку тоа редовно преоѓа во барем половина час, а и многу повеќе.

Може, исто така, да се одредат и еден или два дена во седмицата за „без работа“. Во тие денови, потрудете се - без состаноци и без деловни телефонски повици. Според стручњаците, ако се почне со примена на сите овие совети уште денеска, за една седмица ќе се почувствуваат позитивни промени.  си/паг/

Остани поврзан