• сабота, 23 ноември 2024

Совети за одвикнување од цицањето прсти кај децата

Совети за одвикнување од цицањето прсти кај децата

Лос Анџелес, 12 март 2024 (МИА) - Ако родителот не може да го одвикне своето дете од лошата навика на цицање палец, следат неколку „трикови“ коишто може да бидат корисни.

Пред сѐ, во случај кога детето си ги цица прстите при заспивање, советот гласи: Обидете се да му наместите да гушне плишана играчка и слично. Ако пак, има омилена играчка, искористете ја „за да стекнете предност“. Може, на пр., да му се каже на малечкото дека играчката сака да престане да го цица палецот...

Доколку пак, детето се обидува да се ослободи од стресот со цицање палец - утешете го, кажете му дека сте тука за него, прегрнете го итн. Покрај тоа, може да му се дадат и мали „награди“ и задоволства, ако детето успее да издржи цел ден без да го цица палецот, во вид на слатки, петки на рачето, нова играчка и сл.

Во „потешките случаи“, се воспоставува правило за постепено но целосно ослободување од оваа навика. Тоа значи, на почетокот малечкото „ќе може“ да си го цица прстот само во одредени случаи, на пр. - пред спиење, додека гледа цртан филм итн.

Стручњаците наведуваат дека децата треба да престанат со оваа навика до тригодишна возраст. Доколку детето го пречекори тој праг, се препорачува консултирање со стоматолог. Некои деца ќе го сфатат разговорот со стоматологот посериозно и ќе го послушаат него попрво отколку своите родители.  си/ссм/

Фото: Фри фото

Остани поврзан