• понеделник, 23 декември 2024

Совети за негување кршливи нокти

Совети за негување кршливи нокти

Софија, 31 октомври 2022 (МИА) - Убавите и негувани нокти се важен дел од сечиј изглед, особено кај дамите. Но, има многу причини зошто некои жени и мажи имаат слаби и кршливи нокти... Меѓу главните се изложеноста на вода, прекумерна употреба на лакови и отстранувачи на лак, или пак, здравствени проблеми.

За зајакнување на ноктите, се користат многубројни домашни лекови. Еден од најлесните начини е нанесување обичен вазелин секоја вечер пред спиење. Како што пишува бугарскиот портал „24 часа“, тоа ги хидрира ноктите и ги прави поцврсти. За тоа, пак, помага и сок од портокал. Постапката е следна - се цеди портокал и прстите се потопуваат во сокот и се држат така најмалку 10 минути. Тоа се повторува секој ден. Овој начин на негување на ноктите обезбедува антиоксиданси коишто ќе ја подобрат и цврстината и изгледт, како и побрз раст. На крајот, задолжително се мијат рацете - темелно, со млака вода. Потоа може да нанесете природен хидратантен крем, како маслиново масло, ленено семе или кокосово масло. Маслиновото масло е едно од најдобрите средства за негување нокти. А, во комбинација со сок од лимон ќе го поддржи растот и ќе ги отстрани дамките. За домашен лосион, се мешаат три лажици маслиново масло со лажица сок од лимон. Смесата се става во сад и се потопуваат прстите во неа, 10 минути. И кокосовото масло е делотворно. Заситените масти делуваат како навлажнувач и може да спречат инфекции на ноктите. Добро е само да се загрее мала количина и да се нанесе на ноктите. Потоа нежно се масираат пет минути, заради подобар крвоток и хидратација. Потребно е да се нанесува двапати на ден, за побрз ефект.  си/

Остани поврзан