Совети за забавување на стареењето на мозокот
- Стареењето на мозокот е нормално, а показателите се различни за секоја личност. Тие можат да се идентификуваат со промени во секојдневното однесување - проблеми околу барањето и наоѓањето пре
Скопје, 22 август 2021 (МИА) - Исто како и телото, со годините се менува и мозокот, како и неговите функции. Сѐ почесто се случува заборавање, послаба сосредоточеност, концентрација и низа други проблеми. За мозокот да остане здрав што е можно подолго и да се забави неговото стареење, само треба да се следат неколку едноставни работи, и тоа редовно.
Стареењето на мозокот е нормално, а показателите се различни за секоја личност. Тие можат да се идентификуваат со промени во секојдневното однесување - проблеми околу барањето и наоѓањето предмети и места, со сеќавањата и помнењето. Една од причините е тоа што бројот клетки се менува со возраста, т.е. клетките умираат и, понекогаш, не се обновуваат.
Што предизвикува стареење на мозокот?
Друга причина се пушењето и пиењето алкохол. Натаму - дијабетесот, високиот холестерол и крвниот притисок, исто така, имаат лошо влијание во таа смисла. Притисокот и холестеролот значително влијаат врз здравјето на срцето, но и на мозокот. Истражувањата покажуваат дека високиот притисок води кон послаба когнитивна активност и ја зголемува можноста за Алцхајмерова болест.
За да се спречи или забави стареењето на мозокот, треба редовно да го вежбаме... Тука помагаат разни игри, читање, како и промена на одредени животни навики. Следат некои од нив.
- Ментална активност - за постојан развој на мозокот
- Физичката активност го зајакнува телото, но и умот
- Исхрана
- Витамини
- Добар сон значи помал стрес