• петок, 05 декември 2025

Собрани над 60.000 евра на трката „Зегин спектратон“ во Аеродром, ќе се донираат за деца со аутизам

Собрани над 60.000 евра на трката „Зегин спектратон“ во Аеродром, ќе се донираат за деца со аутизам

Скопје, 25 мај 2025 (МИА) - Општина Аеродром денеска беше домаќин на „Зегин спектратон - трка на херои во сите бои“, при што беа собрани над 60.000 евра, што ќе бидат донирани за помош на здруженија и на клиники за работа со деца со аутизам, информираат од локалната самоуправа.

-Во оваа хуманитарна трка учествуваа повеќе од 1.500 натпреварувачи, во сениорски и детски категории, меѓу кои и тим од вработени во Општина Аеродром, предводен од в.д. градоначалникот Дејан Митески. Честитки до „Зегин“ и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ за успешната организација и големо браво до сите учесници кои ја покажаа својата хуманост, стои во соопштението од општината.

Од Општина Аеродром, додаваат дека и во иднина ќе останат верен поддржувач на вакви настани со што се промовира здравиот начин на живот и се поттикнува солидарноста. бд/вг/

Фото: Општина Аеродром

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан