• вторник, 19 ноември 2024

Собранието ќе ја одржи 9. седница

Собранието ќе ја одржи 9. седница

Скопје, 5 јули 2024 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј дневен ред се предлог-одлуки за формирање собраниски делегации во повеќе меѓународни организации и годишни изврештаи за работата на неколку македонски институции. 

На седницата треба да се расправа по Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и на Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ).

Пратениците треба да ги разгледаат предлог одлуките за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), како и за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот).

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), Предлог на одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и Предлог на одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици - членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

На седницата ќе се расправа и по годишните извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година, за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2023 година, за работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија во 2023 година, за работа на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како и за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година.

Според најавата, пратениците ќе ги разгледаат и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година. сст/вг/

Остани поврзан