Собранието ќе ги одржи продолженијата на 34. и 35. седница
- Собранието на Република Северна Македонија, според информациите од нивната веб страница, денеска треба да ги одржи продолженијата на 34 и 35 седница.

Скопје, 25 февруари 2025 (МИА) - Собранието на Република Северна Македонија, според информациите од нивната веб страница, денеска треба да ги одржи продолженијата на 34 и 35 седница.
Во рамки на 35 седница, чиј почеток е закажан во 11 часот, пратениците треба да ги разгледаат предлог измените на Законот за минерални суровини, како и измените на Законот за заштита на потрошувачите и на Законот за вршење на сметководствени работи, сите по скратена постапка.
На 34 седница, останата е само една точка за разгледување, а тоа е Предлог одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. бт/бак/
Фото: МИА Архива