• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Смарт таблети за учениците од СОСУ „Илинден“

Смарт таблети за учениците од СОСУ „Илинден“

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевскки додели 66 смарт таблети во СОСУ „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што соопшти Општина Илинден, Георгиевски истакнал дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците.

- Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација, посочил Георгиевски, додавајќи дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади. дма/бак/

Фото:  Општина Илинден 

Остани поврзан