• понеделник, 23 декември 2024

Слуцки: Набрзо ќе продолжат преговорите помеѓу Русија и Украина

Слуцки: Набрзо ќе продолжат преговорите помеѓу Русија и Украина
Минск, 7 март 2022 (МИА) - Шефот на комитетот на Думата за меѓународни работи и член на руската делегација Леонид Слуцки вечерва изјави дека набрзо ќе продолжат преговорите помеѓу Русија и Украина. - Преговорите навистина набрзо ќе продолжат. Да немаме илузии дека на следниот чекор ќе имаме конечен резултат. Тоа ќе биде целосно напорна и доследна работа, истакна Слуцки. Тој додаде дека „консултациите нема да бидат лесни“. - Не се надеваме дека нашите колеги веднаш ќе заземат став близок до нашиот и дека потоа целосно ќе го исполнат договорот, наведе Слуцки. ми/

Остани поврзан