• недела, 22 декември 2024

Слот: Сакам да бидам нов менаџер на Ливерпул

Слот: Сакам да бидам нов менаџер на Ливерпул

Ротердам, 25 април 2024 (МИА) - Арне Слот најверојатно ќе биде новиот менаџер на Ливерпул. Ова лично го потврди и шефот на холандскиот Феенорд, кој во интервју изјави дека сака да стане тренер на „црвените“ и да го наследи Јирген Клоп на кормилото на клубот.

- Сакам да бидам нов менаџер на Ливерпул, мојата одлука е јасна. Феенорд и Ливерпул во моментов преговараат и чекам да видам што ќе излезе од тоа. Уверен сум, ги чекам двата клуба да постигнат договор, изјави Арне Слот за ЕСПН.

Слот успеа да ги освои Ередивизи и Купот на Холандија, како и да се пласира во финалето на Конференциската лига, каде неговиот тим загуби со 0:1 од Рома. дс

Фото: Архива

Остани поврзан