• петок, 05 декември 2025

Слот прогласен за тренер на сезоната во Премиер лигата

Слот прогласен за тренер на сезоната во Премиер лигата

Лондон, 28 мај 2025 (МИА) - Менаџерот на Ливерпул Арне Слот е прогласен за тренер на сезоната од страна на Здружението на менаџери (LMA), освојувајќи ја наградата Сер Алекс Фергусон.

Победникот беше прогласен синоќа на 33-та годишна церемонија на доделување награди во Лондон.

- Членовите на „LMA“ ја препознаа неверојатната улога што ја одигра Арне Слот во водењето на неговиот тим до славата во Премиер лигата во фантастичната дебитантска сезона во англискиот фудбал, објави „LMA“.

Ливерпул сега заврши на првото место во Премиер лигата со 84 бодови. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан