• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Словенија во 2023 година регистриран најмал број новороденчиња во последните 102 години

Во Словенија во 2023 година регистриран најмал број новороденчиња во последните 102 години

Љубљана, 24 март 2025 (МИА) - Бројот на новороденчиња во Словенија во 2023 година се намали под 17.000, што е најниска бројка во последните 102 години откако е следен наталитетот во земјата, соопшти Заводот за статистика на Словенија.

Од вкупно 16.989 новороденчиња, 8.677 биле машки, а 8.312 девојчиња, јавува словенечката новинска агенција.

На 1.000 жители се раѓале осум деца, што е и најниска бројка од 1922 година.

Мајките го родиле своето прво дете на просечна возраст од 29,7 години, и тоа е старосна граница која се зголемила од 1954 година, кога започнале евиденцијата.

Повеќе од половина од децата (56,5 проценти) се родени вонбрачно, додека во 1960-тите, околу девет проценти од мајките раѓале вонбрачно.

Дури во 2007 година овој удел за прв пат надмина 50 отсто, а од 2011 година е околу 57 отсто. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан