• недела, 22 декември 2024

Словенечките ракометари останаа без селектор

Словенечките ракометари останаа без селектор
  Љубљана, 19 јануари 2022 (МИА) – Ракометната федерација на Словенија (РЗС) денеска ја раскина соработката со селекторот Љубомир Врањеш по неуспехот на националниот тим да ја мине групната фаза на Европското првенство (ЕП). Триумфот над македонските ракометари во воведното коло беше единствената победа на составот предводен од Врањеш, по што последователните порази од Данска и Црна Гора означија крај на настапот на Словенците на ЕП. - Свесни сме дека разочарувањето е големо, но и победите и поразите се составен дел од спорот. Ракометната федерација на Словенија детално ќе го анализира настапот на Европското првенство и ќе се обиде да ја открие причината за еден од најскромните настапи на нашиот национален тим на големите натпреварувања, соопшти РЗС. Наследникот на Швеѓанецот Врањеш на словенечката клупа се очекува да биде познат во следните неколку недели. ег/

Остани поврзан