• вторник, 02 јули 2024

Слободен влез во СРЦ „Кале“ за натпреварите од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ 2022

Слободен влез во СРЦ „Кале“ за натпреварите од Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ 2022
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Македонската кошаркарска федерација за натпреварите од новото издание на Суперкупот „Драган Василов-Цевка“ во кои ќе се сретнат најдобрите екипи од минатата натпреварувачка сезона, одлучи влезот да биде слободен. Натпреварите ќе се играат утре (28 септември) во Спортско рекреативниот центар „Кале“ во Скопје. Предвидено е да се играат натпревари во женска и во машка конкуренција. Во првиот натпревар, од 17 часот, ќе се сретнат актуелниот шампион, екипата на Бадел 1862 и освојувач на Купот, Баскет Кам 2011. Натпреварот во машка конкуренција, во кој ќе играат државниот првак, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, и освојувачот на националниот Куп, ТФТ, ќе стартува од 19:30 часот. зс/

Остани поврзан