• понеделник, 23 декември 2024

Слики од себе во вежба не помагаат на страниците за познанства

Слики од себе во вежба не помагаат на страниците за познанства

Лос Анџелес, 1 март 2024 (МИА) - Луѓето кои користат апликации за нови познанства обично објавуваат фотографии што го покажуваат „најдоброто од себе“, заради што поповолен прв впечаток. Но, еден вид слики многу често „нѐ означуваат“ како непожелен партнер.

Како што пишува „Метро“, станува збор за објавување фотографии од себе во вежба. Ново испитување посочува дека повеќе од 59 отсто од корисниците на вакви апликации сметаат дека слика од вежбање се предупредувачки знак за отстапување. Само еден од 20 луѓе признава оти сака да се преправа како вежба за да остави посилен впечаток.

Од друга страна, пак, повеќе од 50 отсто од испитаниците мислат дека флертувањето во самата вежбалница е добро и пожелно.

Тоа значи, иако многу луѓе не сакаат да гледаат слики од вежбање на апликациите за запознавање, тоа не значи дека луѓето што вежбаат им се одбивни.

Така, 84 отсто од луѓето рекле дека вежбањето со романтичен партнер е „прилично привлечно“, додека 73 отсто од луѓето мислат дека паровите кои вежбаат заедно имаат посилна врска.

Меѓутоа, ако се бара начин да се подобри профилот за дружење и запознавање, професорката Џулијана Шредер од Универзитетот на Калифорнија открива дека претпочитаните профили се оние кои нагласуваат дека корисникот сака да дознае повеќе за другата личност наместо да ги нагласува сопствените особини. Значи, ако кажете нешто како „она што би сакал да го знам за вас“ - на профилот за познанства, има подобри шанси за успех во потрагата по љубов.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан