• петок, 05 декември 2025

Слики на кучињата од градското прифатилиште ЈП „Лајка – Скопје" кои бараат дом ќе бидат поставени на билборд

Слики на кучињата од градското прифатилиште ЈП „Лајка – Скопје

Скопје, 10 јуни 2025 (МИА) - Јавното претпријатие „Лајка – Скопје почнува хумана и инспиративна соработка, насочена кон промоција на вдомување на кучињата од градското прифатилиште. Во рамките на оваа акција, на големем електронски билборд на трговскиот центар Дајмонд мол ќе се прикажуваат фотографии на дел од кучињата од ЈП Лајка кои бараат свој дом. 

Оваа соработка, велат од ЈП „лајка“ е многу повеќе од простор на билборд, таа е простор за емпатија, за хуманост, за акција. Воедно, нагласуваат, се испраќа порака дека секое куче заслужува шанса да биде нечиј миленик. 

-ЈП Лајка и трговскиот центар со оваа соработка имаат заедничка цел: поттикнување на вдомувањето наспроти купувањето миленици. Преку давањето видливост на овие животни, очекуваме да ја подигнеме свеста кај граѓаните и да поттикнеме создадавање на позитивна промена во односот спрема напуштените кучиња, велат од ЈП „Лајка“. 

Додават оти овој трговски центар ја отвора својата платформа за поддршка на оваа хумана кауза, препознавајќи ја важноста на грижата за животните како дел од пошироката општествена грижа и покажува дека општествената одговорност и хуманоста се силен дел од неговата визија. 

-Доколку барем едно куче добие свој дом благодарение на оваа акција, тоа ќе биде доказ дека малите гестови имаат огромна моќ. Оваа соработка е повик до сите – да гледаме на кучињата не како на бројки и комунален смет, туку како наши пријатели засекогаш, се вели во денешното соопштение од ЈП „Лајка“. сст/дма/

Фото: ЈП „Лајка“

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан