• понеделник, 23 декември 2024

Следната „Недела на модата“ во Париз преку интернет-ревии

Следната „Недела на модата“ во Париз преку интернет-ревии
Париз, 7 мај 2020 (МИА) - Новата „Недела на машката мода“ во Париз ќе се организира од 9 до 13 јули, и тоа како интернет-ревии. Тоа значи дека колекциите прет-а-порте за мажи, за сезоната пролет-лето 2021, ќе бидат прикажани во облик на филм или видео, соопшти Француската федерација за висока мода. Поради пандемијата на новиот коронавирус, настанот првично планиран за 23 - 28 јуни, беше одложен. Модната куќа „Сен Лоран" потоа соопшти и дека ги откажува сите недели на модата за 2020 година, поради корона-пандемијата. Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани, кој е претставник за колекциите прет-а-порте во Милано и високата мода во Париз, од своја страна, во отворено писмо, исто така, повика „ненужното да биде откажано".  си/сд/

Остани поврзан