• понеделник, 23 декември 2024

Скрининг на ученици во основните училишта во Старо Нагоричане

Скрининг на ученици во основните училишта во Старо Нагоричане
Куманово, 21 октомври 2021 (МИА) - Почна скринингот на ученици во основни училишта во Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од кумановскиот Центар за јавно здравје, чии екипи го спроведуваат скринингот на учениците. Директорот на Центарот за јавно здравје д-р Ариф Латифи информираше дека во таа општина под скрининг подлежат шест ученици. - Денеска се тестираат шест деца, тестовите ќе бидат извршени во нашата лабораторија и ќе видиме какви ќе бидат резултатите. Министерството за здравство ни го праќа списокот и согласно тој список ги контактираме директорите на училиштата и потоа се спроведува тестирањето, изјави Латифи. Тој апелираше до родителите да не одбиваат скрининг. Учениците се тестираат со брзи антигенски тестови.
- Тестирањето трае помалку од минута, безболно е и безбедно. Никој нема да има штета, од полза е за сите нас. Ќе добиеме податоци за можно асимптоматско ширење на вирусот, вели Латифи.
Тој се надева дека брзо ќе заврши скринингот и во Куманово и во Липково, како и во соседните општини, Кратово, Крива Паланка, Ранковце. -Ние сме подготвени, рече Латифи.
Активностите за превентивни тестирања се преземаат со цел рано детектирање и превенција од ковид во училиштата. ам/мд/

Остани поврзан