• понеделник, 23 декември 2024

„Скопје во пет и седумнаесет“ - Осветлување на историјата преку светлосни уметнички инсталации

„Скопје во пет и седумнаесет“ - Осветлување на историјата преку светлосни уметнички инсталации

Скопје, 27 јули 2023 (МИА) - Тимот на „Скопје лајт арт дистрикт“ вчеравечер на небото над Скопје иницираше серија аудиовизуелни инсталации, ласерски проекции и 3Д-мапирања на Поштата, Телекомуникацискиот центар, Скопското кале и високите кули во Карпош 1 и 2, по повод одбележувањето на катастрофалниот земјотрес од 1963 година.

Инсталациите дадоа илустративен приказ на катастрофалниот земјотрес и на процесот на реконструкција што следуваше. Покрај овие изложби, беа емитувани и значајни пораки од Тито, меѓу кои и неговата позната изјава од 27 јули 1963 година: „Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме со помошта на целата наша заедница, тоа ќе стане гордост и симбол на братство и единство, на југословенската солидарност“.

Паралелно, на видео ѕидовите на плоштадот „Македонија“, Националната опера и балет и на трговскиот центар „Ист гејт“ беа проектирани филмски извадоци од „Филмски новости“.

Во организација на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија, овој настан е дел од поширокиот културен проект „Скопје во пет и седумнаесет“.

-Преку овие културни потфати се одбележува 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес, потсетувајќи нѐ на историската издржливост на Скопје. Скопје не заборава – Скопје се сеќава, се вели во соопштението на Министерството за култура. бт/бак/

Фото/ Министерство за култура

Остани поврзан