• сабота, 06 декември 2025

Скопје во наредните два дена ќе биде домаќин на светскиот теквондо врв

Скопје во наредните два дена ќе биде домаќин на светскиот теквондо врв

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Главниот град на земјава во наредните два дена ќе биде домаќин на светскиот теквондо врв. Се работи за Г1 ранг турнир кој е дел од официјалниот календар на светската таеквондо асоцијација и носи бодови за олимписка норма. 

Во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе дојдат над 700 натпреварувачи од повеќе од 50 држави, голем број олимписки и светски медалисти.

Нашиот Дејан Георгиевски се бори во недела, а покрај него, Македонија ќе биде претставена уште од 20 теквондисти.

Големата бројка на македонски теквондисти кои ќе се претстават пред македонската публика, како и самата организација на овој турнир е потврда за крупните чекори што ги прави Македонската теквондо федерација за популаризација на овој олимписки спорт, велат од Федерацијата во пресрет на настанот. дс

Фото: Фејсбук/Македонска Tаеквондо Федерација

Остани поврзан