Скопјанец баран по потерница приведен близу неготинско Пепелиште
- Скопјанец бил приведен рано утрово близу неготинско Пепелиште. Тој бил баран по потерница, информираат од Секторот за внатрешни работи - Велес.

Неготино, 4 април 2025 (МИА) - Скопјанец бил приведен рано утрово близу неготинско Пепелиште. Тој бил баран по потерница, информираат од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Во 3:30 часот, полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција на патот Штип - Неготино, во близина на село Пепелиште го привеле И.Ф., на возраст од 42 години од Скопје. Тој бил баран по потерница, врз основа на наредба од казнено поправна установа „Затвор - Куманово“, се појаснува во соопштението.
Лицето било спроведено во „Затвор - Куманово“. свд/са/