• петок, 05 јули 2024

„СКОПСКО“ им подари на македонските репрезентативци специјално дизајнирани лименки

„СКОПСКО“ им подари на македонските репрезентативци специјално дизајнирани лименки
Скопје, 31 мај 2021 (МИА) – Компанијата „Скопска пивара“ која е еден од спонзорите на македонската фудбалска репрезентација, подготви изненадување за играчите и селекторот – специјално дизајнирани лименки. - За сите голови што нѐ донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација, во име на целата земја, СКОПСКО на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки, посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“. Како горд поддржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, СКОПСКО ја продолжи успешната фудбалска приказна со специјално дизајнирани лименки за репрезентативците кои го содржат нивниот потпис и број на дрес, информираат од компанијата. Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство. - Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што нѐ направивте горди! – изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје. зс/

Остани поврзан