• понеделник, 20 мај 2024

Скок од 33 места за Стоилковска на ВТА ранг-листата

Скок од 33 места за Стоилковска на ВТА ранг-листата

Лондон, 11 декември 2023 (МИА) - Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска по настапите на фјучрс турнирите во Шарм Ел Шеик напредуваше 33 позиции на ВТА листата и се наоѓа на 1230. место со 8 поени.

Воедно Стоилковска оваа недела ја очекува уште еден настап на турнир со награден фонд од 25.000 долари. Во второто коло од квалификациите ќе игра против Алисија Формела од Полска.

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, има пад од три места и се наоѓа на 215.то место со 357 поени, додека во конкуренција на двојки има скок од две позиции и е рангирана на 363. место со 226 поени.

Од македонските тенисери, на најновата промена на АТП листата најдобро рангиран е Калин Ивановски. Тој  има пад за 16 позиции и се наоѓа на 325. место со 159 поени или 14 помалку од претходната недела. Горазд Србљак е рангиран на 1054. место со 10 поени и пад за седум позиции. Седум места послаб пласман од претходната недела има Обрад Марковски кој се наоѓа на 1465. место со 3 поени. Оваа недела на ранг-листата под македонското знаме ранг има и Мејсон Наумовски (тенисер со македонско потекло). Тој има еден поен и е рангиран на 1987. место. Наумовски имаа 22 години.

Во конкуренција на двојки Калин е рангиран на 674. место со 71 поен или пад за пет места. Берк Бугариќ има пад за осму позиции и се наоѓа на 1356. место со 16 поени. Обрад Марковски е рангиран на 1617. место со 9 поени (пад за 9 места), а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2114. место со 3 поени, пад за 12 места. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан