• понеделник, 23 декември 2024

Скарлет Јохансон се омажи по третпат

Скарлет Јохансон се омажи по третпат
Лос Анџелес, 30 октомври 2020 (МИА) - Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон се омажи по третпат, и тоа за глумецот Колин Џост. Венчавката минала само како интимна свеченост за време на викендот, а веста јавноста ја дозна вчера. Џост (38), инаку, е сценарист за светски познатото „Шоу во сабота навечер“. Најскапо платената актерка од минатата година, ѕвездата на „Црната вдовица“ на Марвел, се омажи „во присуство на најблиското семејство и пријателите, согласно безбедносните препораки за Ковид-19“, се наведува во соопштението. Својот брак, таа го најави преку хуманитарната организација „Оброци на велосипед“. Јохансон и три години повозрасниот Џост се свршија во мај минатата година, по две години врска. Њујорчанката по раѓање претходно беше во брак со канадскиот глумец Рајан Рејнолдс и францускиот новинар Ромен Доријак. Јохансон периодов е актуелна и како активистка за правата на жените, меѓу другото, придружувајќи се и помагајќи го движењето „Времето истече“ (Time’s Up), коешто работи на заштита на жртвите на сексуално вознемирување и злоупотреба. си/гт/

Остани поврзан