• сабота, 06 јули 2024

Скариоло: Литванија не е противникот со кој обично се соочувате во осминафиналето

Скариоло: Литванија не е противникот со кој обично се соочувате во осминафиналето
Берлин, 10 септември 2022 (МИА) - Селекторот на шпанската репрезентација Серхио Скариоло призна дека неговиот тим немал многу среќа затоа што за противник во осминафиналето на Евробаскет 2022 ја доби Литванија. - Ова не е противникот со кој обично се соочувате во 1/8 финалето. Ова е противникот со кој обично се соочувате во полуфиналето. Литванија пред почетокот на турнирот беше во првите пет селекции, нели? Иако бевме победници во групата, немавме среќа. Ќе се обидеме да дадеме сЕ од себе, изјави Скариоло. Шпанија која го освои првото место во А-група, вкрстува со четвртопласираната од Б-групата, а тоа е Литванија која пред почетокот на Европското првенство се вбројуваше помеѓу најсериозните кандидати за највисок пласман. Натпреварот Шпанија – Литванија ќе се игра во Берлин вечер со почеток во 20:45 часот. зс/

Остани поврзан