Сиљановска-Давкова со лични пораки за сите 63 загинати во Кочани
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова напиша посебни лични пораки за сите 63 загинати во пожарот во Кочани во поставените нотеси за посвета на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова напиша посебни лични пораки за сите 63 загинати во пожарот во Кочани во поставените нотеси за посвета на одбележувањето на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“.
Претседателката во Кочани разговараше со семејствата на загинатите и повредените, се потпиша во заедничката книга на жалост и присуствуваше на комеморативниот настан. Минатата година веднаш по трагедијата, според јавниот сервис, претседателката упатила лични писма со сочувство до семејствата на сите починати.
На одбележувањето на годишнинатата од трагедијата, во Паркот на револуцијата во Кочани беше поставена и симболична инсталација „63 бели столчиња - 63 животи“ и се одржа и молитва за упокоените.
Судењето за пожарот во „Пулс“ денеска продолжи со распит на сведоци на предлог на Обвинителството.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. лв/паг/
Фото: принтскрин