• петок, 05 декември 2025

Сијарто: Унгарија подготвува договор со американска компанија за изградба на вселенска станица

Сијарто: Унгарија подготвува договор со американска компанија за изградба на вселенска станица

Будимпешта, 7 ноември 2025 (МИА) – Унгарската Влада подготвува сеопфатен договор за инвестиции, образование, обука и технологија со американската компанија од секторот за вселенска технологија и одбрана Војаџер Технолоџис (Voyager Technologies), изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто во Вашингтон.

Според него, договорот ќе и овозможи на Унгарија да има активна улога во проектот на компанијата за изградба на вселенска станица.

Сијарто додаде дека Voyager Technologies, една од водечките светски компании во областа на вселенската технологија, планира во 2029 година да лансира комерцијална вселенска станица во ниска орбита околу Земјата. јт/

Фото: Сијарто на Фејсбук

Остани поврзан