• вторник, 02 јули 2024

Сијарто: За 10 дена во Унгарија ќе стигне руската вакцина против коронавирус

Сијарто: За 10 дена во Унгарија ќе стигне руската вакцина против коронавирус
Будимпешта, 11 ноември 2020 (МИА) - Унгарија за десет дена ќе добие примероци од руската вакцина против коронавирусот, најави денеска министерот за надворешни работи, Питер Сијарто. - Прелиминарните резултати покажуваат дека вакцината Спутник V е ефикасна 92 проценти против коронавирусот, рече Сијарто. - Ова е добра вест за Унгарија. Ние сме во сериозни преговори со Русите за купување голем број вакцини, рече министерот. Примероците од вакцините прво ќе бидат дистрибуирани до лабораториите за да ги поминат тестовите. - Првиот контингент ќе биде помал и ќе биде подложен на клинички тестови, пред да се увезе голема количина Спутник V во јануари, рече тој. Сијарто е во карантин девет дена и зборувајќи за своето искуство со вирусот , тој рече дека има „типични симптоми на Ковид-19, освен пневмонија и висока температура. Тој истакна дека се чувствува подобро, но дека му недостасува семејството. ссм/

Остани поврзан