• понеделник, 23 декември 2024

Сијарто: Задача на меѓународната заедница треба да биде спасување животи

Сијарто: Задача на меѓународната заедница треба да биде спасување животи

Будимпешта, 20 јуни 2023 (МИА) - Примарната задача на меѓународната заедница требаше да биде спасување животи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, нагласувајќи дека Будимпешта и покрај нападите и притисоците останува на својот став и повикува на мир во Украина што е можно поскоро.

Сијарто ова го изјави на пленарната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа, пренесуваат агенциите.

Тој рече дека Европа во моментов се соочува со најтешките економски и безбедносни предизвици од Втората светска војна и дека прашање е дали регионалниот конфликт ќе прерасне во светска војна.

-Некои европски лидери страдаат од воена психоза. Обичните луѓе не се одговорни за војната, но сите ја плаќаат цената во форма на вртоглаво растечка инфлација, рече шефот на унгарската дипломатија. мс/рп/

фото: МИА архива

Остани поврзан