• понеделник, 18 ноември 2024

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“

Синер ќе стане светски рекет број еден доколку Ѓоковиќ не стигне до финалето на „Ролан Гарос“

Париз, 13 мај 2024 (МИА) – Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да стане првиот рекет на светот врз основа на резултатите на Ролан Гарос, дури и без учество на турнирот.

За да се случи Синер да стане прв светски рекет, потребно е бранителот на трофејот на Грен слемот во Париз, Новак Ѓоковиќ да не стигне до финалето. 

Ако Синер обезбеди полуфинале на „Ролан Гарос“, тогаш ни финалето нема да му биде доволно на Србинот.

Во моментов Ѓоковиќ е лидер на АТП ранг-листата со 9.990 бодови, Синер е втор со 8.860 бода. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан