• четврток, 19 декември 2024

Синер се справи со Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

Синер се справи со Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

Ријад, 18 октомври 2024 (МИА) - Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Светскиот рекет број 1 го победи Новак Ѓоковиќ во маратонска битка со 6-2, 6-7 (0), 6-4, додека Шпанецот со 6-3, 6-3 го совлада својот идол и сонародник Рафаел Надал.

Денеска е ден за одмор, а в сабота покрај финалето ќе има и меч за третото место меѓу Ѓоковиќ и Надал.

По неговиот крај, Синер и Алкараз ќе излезат на теренот и ќе се борат да си заминат со најголемата награда во историјата на тенисот - 6 милиони долари или речиси двојно повеќе од она што го добива шампион на Гренд слем турнир (3,8 милиони долари). дс

Фото: Архива

Остани поврзан