• петок, 22 ноември 2024

Симпозиум на балкански вина

Симпозиум на балкански вина

Скопје, 19 мај 2023 (МИА) - Здружението „Вина од Македонија“ денеска во просториите на М6 Едукативниот центар ќе го одржи првото издание на Симпозиумот „Балкански вина“.

Овој симпозиум истовремено претставува завршен настан на проектот поддржан од ОН ФАО и ЕБРД, со кој се креираше заедничка винска маркетинг стратегија за земјите од Западен Балкан.

Симпозиумот ќе послужи како платформа за промоција на винска индустрија на Балканот помеѓу винските ентузијасти, меѓународните експерти од индустријата и регионалните винарии.

Свои обраќања ќе имаат Љупчо Николовски, македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Милош Миловановиќ, претставник на Светската организација за храна и земјоделство при Обединетите Нации, Немања Гргиќ, претставник на Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД), како и Светозар Јаневски, претседател на здружението „Вина од Македонија“.

Првата панел сесија е насловена „Дали балканските вина се неоткриен скапоцен камен?“ на која реномирани светски новинари ќе ги споделат импресиите од петдневното патување низ земјите од Западен Балкан кое претходеше на оваа конференција.

Додека втората панел дискусија е на тема „Одржливо производство на вино – успешни модели и патот напред“, ќе се однесува на добрите италијански и македонски примери за одржливо лозарство и винарство кои може да послужат како примери за добра пракса за останатите винарии од регионот. свс/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан