Симиќ ќе игра за шпански Прат
- Македонскиот кошаркар, Теодор Симиќ потпиша договор на една година со шпанскиот тим Прат кој се натпреварува во третата лига.
Прат де Компте, 23 август 2024 (МИА) - Македонскиот кошаркар, Теодор Симиќ потпиша договор на една година со шпанскиот тим Прат кој се натпреварува во третата лига.
Прат е филијала на Хувентуд, односно негов втор тим.
По искуството во Барселона, Симиќ се пресели во Игокеа од Босна и Херцеговина од каде беше пратен на позајмица во Борац Бања Лука каде што настапуваше во претходните две сезони.
Беше поврзуван и со трансфер во МЗТ, меѓутоа на крајот се одлучи за шпанскиот тим. дс
Фото:Фејсбук/Прат