• петок, 22 ноември 2024

Симеоне: Не е важно што мислат за мене, изјави еден голем шпански писател, јас го имам истото мислење

Симеоне: Не е важно што мислат за мене, изјави еден голем шпански писател, јас го имам истото мислење
Мадрид, 28 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне зборуваше за состојбата на тимот по испаѓањето од Лигата на шампионите. За да стигне до нокаут-фазата во Лигата на шампионите, на мадридскиот клуб му требаше да победи против Баер и Порто во последните натпревари од групната фаза. Натпреварот со Баер заврши со резултат 2:2, а Атлетико не успеа да реализира пенал досуден по последниот судиски свиреж. По резултатот од овој натпревар, избраниците на Симеоне ги загубија шансите за пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите оваа сезона. - Очигледно сме разочарани што по сите вложени напори не постигнавме една од целите што ги поставивме. Комплицирано е. Но животот продолжува, утре ќе имаме важен натпревар (против Кадиз). Треба да продолжиме во истиот дух како по натпреварот со Севиља. Мислам дека тимот е добро. Сè уште верувам дека тимот е добро. Мора да продолжиме да работиме и да даваме се од себе. Размислувам само за она што ни претстои. Не е важно што мислат за мене, рече еден голем шпански писател. Јас го имам истото мислење. Сè уште ништо не е готово, изјави тренерот на Атлетико. Натпреварот меѓу Атлетико и Кадиз ќе се одигра утре од 16:15 часот. зс/

Остани поврзан