• петок, 22 ноември 2024

Граѓаните на отцепениот регион Сомалиленд гласаат за избор на претседател

Граѓаните на отцепениот регион Сомалиленд гласаат за избор на претседател

Могадиш, 13 ноември 2024 (МИА) - Во отцепениот сомалиски регион Сомалиленд денеска се гласа за претседателски избори, кои беа одложени пред две години, а се одржуваат во време кога регионот на Рогот на Африка минува низ политички тензии.

Повеќе од милион гласачи треба да изберат шеф на државата меѓу актуелниот претседател Муса Бихи, претседателот на главната опозициска партија Вадани, Абдирахман Мухамед Абдулахи и лидерот на Партијата за социјална правда, Фаисал Али Варабе.

Низ целата област се распоредени 28 меѓународни набљудувачи.

Претседателот Муса Бихи Абди од владејачката партија Кулмија се кандидира за втор мандат по седум години на функцијата за време на која се залагаше за меѓународно признавање на Сомалилeнд.

Таа територија со големина на Уругвај (175.000 квадратни километри) на северозападниот дел на Сомалија еднострано прогласи независност во 1991 година од Република Сомалија, која zaпадна во хаос по падот на воениот режим на автократот Сијад Бара.

Оттогаш, Сомалиленд функционира како автономна држава, со своја валута, армија и полиција, и се карактеризира со релативна стабилност во споредба со Сомалија, која е зафатена од исламистички бунт од групата Шебаб и постојана политичка нестабилност.

Но, ниту една земја не ја признава, поради што е во одредена изолација и сиромаштија и покрај нејзината позиција на влезот во теснецот Баб ел Мандеб, на една од најпрометните трговски рути во светот што го поврзува Индискиот Океан со Суецкиот канал.

Владата ги наведе економските тешкотии како причина за одложување на претседателските избори во 2022 година. 

Ова се четврти претседателски избори во Сомалиленд. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан