• сабота, 23 ноември 2024

Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес регистриран на Вануату, издадено предупредување за цунами

Велингтон, 8 јануари 2023 (МИА) – На пацифичкиот архипелаг Вануату денеска е регистриран земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала, а издадено е и предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на 23 километри од пристаништето Олри на длабочина од 27 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.

Пацифичкиот центар за предупредување издаде предупредување за цунами на бреговите на оддалеченост од 300 километри од епицентарот.

За сега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

На Вануату, кој е подложен на природни катастрофи, со активни вулкани и редовни циклони и земјотреси, живеат околу 280.000 луѓе. Архипелагот се наоѓа на пацифичкиот огнен прстен, каде се вообичаени земјотресите и вулканите се вообичаени. ми/

Остани поврзан