• понеделник, 23 декември 2024

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник
Скопје, 2 мај 2021 (МИА) - Хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар над селото Галичник, не можел да дејствува заради многу силниот и променлив планински ветер, соопшти Центарот за управување со кризи. - Армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар е во близина на Галичник.  Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар, се наведува во соопштението. Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник. Според ЦУК, пожарот зафатил борова шума на непристапен терен и заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото Галичник, но истовремено и за силите ангажирани за негово гаснење. ЦУК информира и дека за случајот се известени и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Локалните едининици за противпожарна заштита (ТППЕ), Министерството за внатрешни работи (МВР), а и другите субјекти од Системот за управување со кризи (СУК), согласно процедурите за работа на дежурните регионални центри за управување со кризи. сп/ ФОТО: МИА Архива

Остани поврзан