• понеделник, 23 декември 2024

Си-ен-ен побара од водителите да не пијат алкохол при преносите на новогодишната ноќ

Си-ен-ен побара од водителите да не пијат алкохол при преносите на новогодишната ноќ

Лос Анџелес, 18 ноември 2022 (МИА) - Американската телевизиска мрежа Си-ен-ен побара од водителите „да го намалат консумирањето алкохол“ за време на преносот во живо на новогодишната ноќ, објави американскотo списание „Варајети“.

Последниве години, Американците се навикнаа да го гледаат водителот Андерсон Купер, на пр., и неговите колеги како пијат алкохолни пијалаци на „Тајмс сквер“ во Њујорк, додека новогодишната прослава е во полн ек. Вакви снимки го поплавија интернет-просторот, во коишто Купер е „пресреќен“, а неговиот колега Енди Коен „се налева“ со текила.

А пак, еден од водителите, Дон Лемон, пред неколку години во живо си направи дупче на едното уво изјавувајќи дека може „да му го бакнат з**никот и не му е гајле“. Потоа појасни дека има право да си го каже своето мислење.

Новиот претседател на мрежата, Крис Лихт, на неодамнешниот состанок на редакцијата нагласи дека претерувањето со алкохол во преносите во живо му штети на угледот на Си-ен-ен.  си/

Остани поврзан