• петок, 22 ноември 2024

Сибига ја повика Анкара за поддршка за запирање на руските напади врз украинските пристаништа на Црното Море

Сибига ја повика Анкара за поддршка за запирање на руските напади врз украинските пристаништа на Црното Море

Анкара, 21 октомври 2024 (МИА) - Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибига денеска за време на неговата посета на Анкара повика на поддршка за запирање на засилените руски удари врз украинските пристаништа на Црното Море.

Сибига истакна дека ваквите напади оштетиле четири цивилни бродови оваа есен.

Украинскиот министер за надворешни работи денеска пристигна во дводневна посета на Турција. Тој со турскиот колега Хакан Фидан ќе разговара за билатералните односи, како и за развојот на регионалните и глобалните настани. мс/

фото: „Х“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан