СЗО: Премногу е рано за да се прогнозира крајот на епидемијата на КОВИД-19
- Светската здравствена организација денеска предупреди дека е „премногу рано“ да се каже дали КОВИД-19 го достигнал својот врв или кога епидемијата ќе заврши и покрај намалувањето на бројот н
![СЗО: Премногу е рано за да се прогнозира крајот на епидемијата на КОВИД-19](https://new.mia.mk/images/20221102181730_big_730x400_46.webp )
Женева, 12 февруари 2020 (МИА) - Светската здравствена организација денеска предупреди дека е „премногу рано“ да се каже дали КОВИД-19 го достигнал својот врв или кога епидемијата ќе заврши и покрај намалувањето на бројот на новозаболени.
- Мислам дека е премногу рано сега да се обидуваме да го прогнозираме почетокот, средината или крајот на оваа епидемија, рече Мајкл Рајан, шеф на програмата на СЗО за вонредни состојби во здравството. ссм/