• среда, 18 декември 2024

СЗО ќе спроведе истрага за наводно сексуално злоставување во ДР Конго

СЗО ќе спроведе истрага за наводно сексуално злоставување во ДР Конго
Женева, 2 октомври 2020 (МИА) - Директорот на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус изјави дека СЗО е огорчена поради тврдењата за наводно сексуално злоставување од страна на хуманитарните работници кои биле ангажирани за време на епидемијата со ебола во ДР Конго. Гебрејесус истакна дека СЗО ќе спроведе истрага и оти сторителите ќе бидат казнети. Тој додаде дека нема да биде толерирано такво однесување и оти секој за кого ќе се утврди дека е вмешан во злоставиување ќе се соочи со „сериозни последици,вклучително и моментален отказ“. - СЗО застапува политика на нулта толеранција во поглед на сексуална експлоатација и злоставување, истакна Гебрејесус. Фондацијата „Томас Ројтерс“ вчера соопшти дека повеќе од 50 жени ги обвиниле хуманитарните работници од СЗО и од други невладини организации за сексуално искористување и злоставување за време на епидемијата со ебола во ДР Конго во периодот од 2018 до 2020 година. ми/

Остани поврзан