• сабота, 21 декември 2024

СЗО загрижена од ширењето на коронавирусот и пред доаѓањето на сезоната на зимски грип

СЗО загрижена од ширењето на коронавирусот и пред доаѓањето на сезоната на зимски грип
Женева, 16 септември 2020 (МИА) - Светската здравствена организација денеска предупреди дека Ковид-19, болеста која е предизвикана од коронавирусот, со загрижувачка брзина се шири во некои делови од северната хемисфера, на неколку месеци од почетокот на сезоната на зимски грип. -Во некои земји почнавме де забележуваме загрижувачки трендови, изјави Марија Ван Керхов, технички директор на СЗО за Ковид-19, во текот на емитување на социјалните мрежи. "Гледаме зголемување на бројот на пациенти на одделите за интензивна нега во болниците, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои делови од САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната", додаде Ван Керхов. Ван Керхов изјави дека во неколку земји е зголемен бројот на  пациенти на возраст меѓу 15 и 49 години, заразени со Ковид-19. сд/

Остани поврзан