• недела, 17 ноември 2024

СЗО: Во изминатите 24 часа со коронавирусот се заразиле 427.000 луѓе во светот

СЗО: Во изминатите 24 часа со коронавирусот се заразиле 427.000 луѓе во светот
Женева, 26 февруари 2021 (МИА) – Светската здравствена организација (СЗО) вечерва соопшти дека во изминатите 24 часа повеќе од 427.000 луѓе во светот се разболеле од Ковид-19, со што бројот на заразени од почетокот на пандемијата надмина 112,64 милиони. Вкупно 2.501.229 пациенти починале од почетокот на пандемијата. Бројот на пациенти денеска е најголем во Северна и Јужна Америка (183.039 случаи), што е 42 проценти од вкупниот број, додека во Европа се регистрирани 172.843 нови случаи. јт/

Остани поврзан