• среда, 03 јули 2024

Се урна зграда во Камбоџа, двајца загинати, 17 повредени

Се урна зграда во Камбоџа, двајца загинати, 17 повредени
Пном Пен, 3 јануари 2020 (МИА) - Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени денеска откако се урна седумкатница во изградба во јужниот дел на Камбоџа, соопшти полицијата. Зградата во приморската провинција Кеп се урна додека 20 работници биле внатре, од кои некои биле на пауза, изјави провинциски полицаец. Според заменик шефот на полицијата Нгуон Самет, 17 работници се спасени. Некои од нив се во критична состојба, а некои се полесно повредени. Самет рече дека зградата најверојатно се урнала додека на највисокото ниво е излеван бетон. Продолжува потрагата по работниците кои и натаму се водат како исчезнати. Премиерот на Камбоџа Хун Сен напиша на Фејсбук дека наскоро ќе ја посети провинцијата Кеп. паг/

Остани поврзан