• петок, 22 ноември 2024

Се урива стариот дом во Дреново, ќе се гради културен дом

Се урива стариот дом во Дреново, ќе се гради културен дом
Кавадарци, 15 февруари 2023 (МИА) - Се урива стариот дом во кавадаречкото село Дреново, ќе се гради културен дом, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 
 
- Се руши стариот дом во село Дреново. Во текот на 2023 година се планира со изградба на објект, дом на култура, што ќе има повеќенаменска сала,  за разни културни манифестации за потребите на селото. Истовремено, објектот ќе може да се користи и како спортска сала, за децата од основното училиште во село Дреново. Во склоп на истиот објект ќе има и соблекувални и туш кабини, како и просторија со посебен влез, за потребите на месната заедница, соопштија од кабинетот на Јанчев. 
 
Нето површината на објектот ќе изнесува 470 квадратни метри. свд/сст/

Остани поврзан